/style/images/logo.png




Сакате да имате куче како домашен миленик?

Кучињата се неверојатни суштества. Лојално се, обезбедуваат безусловна љубов, пријателство и незаборавна забава.

 

Но, да се има куче е воедни и голема одговорност. Затоа, пред да донесете таква одлука, мора добро да размислите дали имате адекватни услови за чување куче, дали кучето ќе биде добро прифатено од сите членови на вашето семејство и кој ќе се грижи за него. Но постојат уште неколку работи на кои треба да обрнете внимание...

 

Кучињата секогаш се спремни за игра, но и кога не се, тие се еднакво среќни ако мирно седат покрај вас. Нивната безусловна љубов и приврзаност кој својот сопственик во добро и во зло, секако ја оправдува познатата реченица: „кучето е човековиот најдобар пријател“. Но, да се вдоми кученце носи со себе и голема одговорност, па затоа морате добро да се информирате за се.

 

За кучињата треба адекватно и одговорно да се грижи затоа што тие во целост зависат од својот сопственик. Тоа што им треба на нив е – топло место за спиење, храна, секојдневни активности, шетање и свеж воздух, редовни носења на ветеринар и секако ВИЕ како пријател кој ќе ги пази и чува. Заради тоа, куче не е за секого, затоа што правилната грижа и нега околу него бара време, стрпливост, но и пари.

 

Да набавите кученце за децата?

 

Кога се одлучувате да набавите домашен миленик за вашето дете, кучете сигурно е еден од можните избори. Меѓутоа, ќе биде ли тоа добар избор зависи од тоа дали вашето дете ќе биде доволно зрело да ја прифати грижата за својот миленик. Во принцип мал е бројот на деца кои можат да превземат комплетна одговорност за куче.

 

Кучето е неопходно три пати дневно да се вади надвор, а мало кутренце уште повеќе. Тоа е секојдневна обврска па затоа често се случува малото кутренце да им биде интересно на децата првите неколку дена, потоа се заситуваат и потоа целата грижа паѓа на товар на родителите. И тогаш настануваат невољи, затоа што родителите немаат секогаш време за тоа.

 

Значи, се зависи од афинитетите и сериозноста на децата. Има деца кои навистина ја прифаќаат целата грижа околу миленикот, и на тој начин и самите растат поздраво. Грижејќи се за неговата прехрана, нега, одгледување и редовни прошетки, на својот миленик му обезбедуваат љубов која секогаш ќе им биде возвратена.

 

Вашите идни планови и годишни одмори

 

Просечниот животен век на кучето зависи од самата раса. Во главно, големите кучиња во просек живеат од 8-10 години, додека малите кучиња во просек од 12-14 години. Значи, да се има куче не е „еднонеделна забава“, па затоа ќе морате да размислите како и после 10 години ќе се уклопи кучето во вашиот животен стил.

 

Освен тоа, морате да имате во предвид дека кучето ќе биде уште еден член на семејството на идните патувања за годишните одмори. Што значи дека, пред да тргнете на патување, морате и на своето куче да ми организирате сместување. За патувања кои подразбираат поминување преку граница, кучето мора да биде вакцинирано против беснило најмалку 3 недели пред тргнување на пат и мора да има вграден микрочип. Исто така на кучето мора да му обезбедите пасош за домашни миленици на 2 јазика (мајчиниот и англиски). Пасошот може да го добиете кај ветеринар.

 

Доколку кучето не се вклопува во некое ваше патување, неопходно е да му обезбедите безгрижно сместување. Грижата за него може да ја превземе некој ваш пријател, но под услов да има искуство во чување на куче и, нормално, да има доволно време. Во спротивно, подобро обратете се во некој сервис за привремено чување на миленици или некој хотел за кучиња, каде кучето ќе биде нон-стоп под надзор на професионалци кои ќе се грижат за неговото здравје, исхрана и физичка кондиција.

 

Трошоци за куче

 

Основните трошоци кои ќе ги имате околу набавката на куче несе единствени, освен нив ќе имате редовни и повремени трошоци (за храна, вакцини, стерилизација и лечење кај ветеринар). Посетите кај ветеринар се важни за одржување на здравјето на вашето милениче. Во првата година потребни се три вакцини против кучешки болести и една против беснило, како и вградување на микрочип. Имунитетот после вакцинирањето трае една година и се препорачува кучето да се вакцинира секоја година. Доколку тоа не го правите, секако дека е неопходно одново да се вакцинира кучето секоја година кога ќе прејде во категоријата сениори (од 6-7 година од животот), затоа што и тие како и малите кутриња се осетливи на болести.

 

Правилната исхрана е многу важна за нивното здравје. Храна можете да им приготвувате или да купувате готова. Во продавница за домашни миленици можете да најдете храна за сите возрасти на кучиња, храна спремена според нивната големина, итн... За кој и начин да се одлучите, тоа повлекува месечни трошоци, што може да биде скапо.

 

Кое куче да се одбере?

 

И кучињата како и луѓето имаат свој карактер. Тие се направени од добри и лоши особини. Кога размислувате за тоа какво куче да набавите за домашно милениче, треба да тргнете од тоа вашиот карактер, животните навики и количината на слободно време во најголема мера да се поклопуваат со карактерот на кучето и неговите животни потреби.

 

Сакате малечко кутренце или веќе возрасно куче? Малите кутренца се преслатки, но потребно е да им се посвети многу време за нега и правилен развој.

 

Каде ќе го чувате кучето? Во стан или во двор од куќа? Доколку ќе го чувате кучето во мал стан, тогаш морате да размислите дали тој птостор за живеење во иднина би можел да стане претесен за вашето семејство и кучето. Во тој случај, можеби би требало да размислите за мали раси на кучиња.

 

Каде да го набавите кучето?

 

Куче можете да вдомите од некое прифатилиште, да го купите од некоја професионална одгледувачница или пак од познаник.

 

Би било убаво ако можете да вдомите некое кученце од некое прифатилиште за кучиња. Заедно со книшката со податоци за кучето, ќе добиете и договор со кој се обврзувате да се гриќите за кучето, но исто така, и дека ќе го вратите назад ако веќе не сте во можност да се грижите за него. Прифатилиштето ќе ги покрие сите трошоци за стерилизација, вакцинација и чипување. Освен тоа, ако имаат можност, тие ќе ви дадат и се што ви е потребно во првот месец дека додека не се снајдете со својот нов домашен миленик. Имајте во предвид дека напуштените кучиња не се наоѓаат во прифатилиштето поради некоја своја вина, туку од околностите или недоволната грижа на претходниот сопственик. Доколку вдомите некое куче од прифатилиште, тоа ќе ви ја возврати довербата и љубовта повеќекратно.

 

Ако сакате да имате некое куче од чистокрвните раси, добро истражете ги нивните карактеристики. Потрудете се добро да се информирате и да пронајдете мислење и да ги советувате другите сопственици на кучиња. Обрнете внимание на карактерот на расата, колку ќе порасне тоа куче, колку треба време да издвоите и пари за негово одржување, дресура... Сите овие особини на кучето би требало да се вклопат во вашиот животен стил и можности, така што на крајот ниедна страна не би патела.

 

Всушност љубов!

 

Она што всушност е најпотребно за набавка на куче е едноставно – голема љубов. Доколку сакате животни, особено кучиња, тогаш лесно ќе ги пребродите многуте искушенија кои ги носи заедничкиот живот со куче. И спротивно на тоа, можете да имате идеални услови за чување на куче, но доколку немате доволно љубов кон нив, секоја ситница за вас ќе биде непремостлив проблем.