/style/images/logo.png




Како да ја одберете вистинската раса?

 

Како да го изберете вашето куче ?


Земањето на куче е чин со кој Вие се решавате дека во период од десет до дванаесет години ја превземата улогата на друг родител за младото куче кое доаѓа во вашиот дом. Но пред да ја донесете конечната одлука за тоа, постојат неколку точки на кои морате да обратите внимание!

Што очекувате од вашето куче ?

 

Ова прашање можеби ќе ви изгледа чудно, но сепак ако не си го поставите, вашиот сон за донесување на новиот член, може да се претвори во разочарување па дури и кошмар. Всушност, Вие си создавате слика за вашето куче, и кога тоа ќе се покаже премногу различно од реалната, доаѓа до судир. Мора да знаете дека кучето има потреба да се дружи со луѓе или други кучиња, не се задоволува со осаменост, па макар и да се наоѓа на поголема слободна површина. Ако планирате поради својот распоред на обврските да го оставате кучето мошне често само, подобро е да не ја прифаќате обврската. Целта на ова прашање е да ве натера да побарате информации, за да се осигурате дека сте во можност да му подарите нормален живот на идниот миленик.

Од каде да купите куче ?

 

Доколку веќе се имате одлучено за расата на кучето, најпрво прелистајте книги, пребарајте по Интернет, и информирајте се за расата на кучето. Потоа обратете се кај некоја одгледувачница, или побарајте совет од луѓе кои добро ги познаваат расите. Кутрето мора да биде во постојан контакт со луѓе, да биде опкружено со многу разновидни предмети, да се привикнува на различни звучи, мириси и сл.

Колку треба да биде старо ?

 

Ако немате многу време, можете да земете куче старо од 3 до 4 месеци, кое е веќе одбиено од мајката. Ако сте послободни, земете кученце кое во вас ќе гледа како нов родител. Како се однесува кученцето? Не постои ниту еден тест на кој можете да се ослоните, но тоа можете да го проверите многу брзо. Клекнете на колена, повикајте го кученцето со весел глас и тоа треба брзо да дојде кон вас, замавнувајќи весело со опашката и спремно за игра. Потоа не се стресува на ненадеен шум и одржува контакт со очите.

Која раса да ја изберете ?

Во спротивност од тоа што го тврдат некои брошури, однесувањето на вашето кутре многу зависи и од неговата раса. Некои раси се мошне емоционални, и можат да развијат некое патолошко однесување.
Меѓутоа во изборот на раса учествуваат и неколку други фактори како што се например: просторот во кој живеете (дали се равботи за куќа или стан, секако не можете да чувате поголема раса во мал стан, иако тие лесно се адаптираат на просторот), потоа вашата финансиска состојба, потоа времето кое сте спремни да го одвоите за нив итн.


Тимот на КупиМиленик е спремен да ви помогне во тој избор, овде сме за било каков совет во секое време.